На женскиот дел од тенискиот гренслем Австралија опен позната е првата полуфинална двојка.
Таму ќе се сретнат Серена Вилијамс и Агњешка Радванска, кои во четвртфиналните мечеви беа подобри од Марија Шарапова, односно Карла Суарез-Наваро.
Бранителката на титулата, Серена Вилијамс, имаше проблеми во првиот сет против Шарапова, во кој двете тенисерки осцилираа во играта, а откако го доби, во вториот ја декласира својата противничка.
Серена славеше со 6:4, 6:1 и ја забележа 18-та победа по ред против Шарапова, која последен пат запишала победа против Американката во 2004 година.
До лесна победа во четвртфиналето стигна и Радванска која со 6:1, 6:3 ја порази Шпанката Карла Суарез-Наваро.
Втората полуфинална двојка кај дамите ќе биде позната утре кога во 1/4 финале се среќаваат Кербер-Азаренка и Конта-Женг.
инсерти од дуелот С.Вилијамс-Шарапова…