Во градското дерби во кошаркарската АБА лига во рамките на 21 коло, Партизан направи големо изненадување и во преполната Пионир арена го победи шампионот Црвена звезда со 86-81.
Тренерот на Партизан нашиот поранешен селектор, Александар Џикиќ го препороди белградскиот тим од своето доаѓање, па така на ред дојде и вечниот ривал со што црно-белите се пробија на седмото место на табелата во АБА лигата.
Кевин Џонс кај Партизан со 17 поени беше најефикасен, додека Александар Цветковиќ постигна 16, а Едо Муриќ 15 како и решавачките поени за победа.
Кај Црвена звезда најпрецизен беше Маик Цирбес со 26 поени.
Во следното 22 коло, Партизан игра нагости кај лидерот Будучност, додека Црвена Звезда на домашен терен ќе го пречека нашиот шампион тимот на МЗТ Скопје Аеродром.
Инсерти од дербито во Пионир…