Михајловиќ сигурно ќе добие отказ доколку Милан не дојде до победата во неделниот дерби натпревар против Фиорентина.
Ако има се верува на италијанските медиуми, тогаш Милан во понеделник ќе ја прекине соработката со српскиот стручњак, Синиша Михајловиќ.
Медиумите открија дека од понеделник нов предводник на “росонерите” ќе биде трофејниот стручњак Марчело Липи.
Доколку дојде Липи на Сан Сиро, ќе биде 5 тренер на Милан за 2 години, по Алегри, Сидорф, Инзаги и Михајловиќ.