Фудбалерите на Милан се првите полуфиналисти во фудбалскиот Куп на Италија, откако во четвртфиналето го совлада Карпи со 2:1.
Милан првиот гол го постигна преку Карлос Бака во 14.минута, а Колумбиецот со рабона успеа да ја затресе мрежата на Карпи.
Петнаесет минути подоцна Бака му асистираше на Нијанг за вториот гол на росоњерите. Карпи во 50 минута намали на 2:1 преку Мокусо, но до крајот не успеа да избори продолженија.
Остантите полуфиналисти ќе бидат познати вечерва кога своите дуели ќе ги играат Специја и Алесандрија, Лацио и Јувентус, односно Наполи и Интер.
Во продолжение погледнете ги головите од Сан Сиро…