Репрезентативецот Давид Бабунски заминува од каталонскиот клуб откако Барселона одлучи да му го раскине договорот.
Освен Бабунски заминуваат уште четворица фудбалери кои досега настапуваа за нејзината втора екипа, односно во „Барселона Б“.
Бабунски не бил во плановите на тренерот на „Барселона Б“, Жерард Лопез, и од страна на клубот и играчот било констатирано дека најдобрата опција е раскинување на договорот.
Тој беше член на Барселона повеќе од 11 години, поминувајќи ги сите младински категории на клубот.
21-годишниот македонски репрезентативец веќе има понуди од неколку шпански и странски екипи, и се очекува наскоро да биде познато кој ќе биде неговиот следен клуб и каде ќе ја продолжи кариерата.