Видео: Започна 2.коло во Евролигата. ЦСКА Москва го победи шампионот Реал Мадрид!

Loading

Се одиграа првите натпревари од 2. коло во Топ 16 фазата, во кошаркарската Евролига.

euroleague1

Дербито се одигра во Москва, каде ЦСКА го декласираше актуелниот европски првак Реал Мадрид со 95:81.

Де Коло-Теодосиќ го однесоа рускиот шампион до победата над Реал, а овие двајца заедно искомбинираа 51 поен. Де Коло даде 28, додека Теодосиќ постигна 23 поени. Реал Мадрид го предводеше Риверс со 23 кошеви.

Барселона го победи рускиот тим Химки убедливо со 87:70. Наваро и Рибас постигнаа по 14, а Саторански 13 поени за Каталонците.

Гостинска победа забележа и Олимпијакос во Виторија над Лаборал Куча со 82:76. Спанулис со 19 и Хантер со 17 поени беа најефикасни во грчкиот тим.

И Цедевита нагости ја победи Дарушафака со 79:72. Пулен со 25 поени, од кои 19 реализира во второто полувреме, беше херојот на загрепскиот тим.

Второто коло денеска ќе се комплетира со последниот натпревар помеѓу Бамберг и Жалгирис.