Каталонскиот тим Барселона стигна до шампионската титула на Светското клубско првенство во Јапопнија, откако во финалето во Јокохама, славеше над јужноамериканскиот шампион Ривер Плата со убедливи 3:0.
Барселона ја предводеше најдобриот играч на турнирот Луис Суарес со два гола, а во листата на стрелците се запиша и Лео Меси кој донесе водство за Барселона кои ја освоија третата титула во ова натпреварување, по 2009 и 2011 година.
Со овој триумф на клупскиот Мундијал, Барселона стигна до петтата титула во сезоната 2014/2015, откако претходно ги освои шпанското првенство и купот на шпанија, Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА, а единствената титула која Барселона не ја освои беше во Суперкупот на Шпанија, каде загуби од Атлетик Билбао.
Голот на Суарез значеше и соборување на сопствениот рекорд според бројот на постигнати голови во една година, а досега Барселона во 2015 година има постигнато 176 голови, еден повеќе од 2012 година.
Рекордот може да го собори бидејќи до крајот на годината Барселона ќе одигра уште еден натпревар, против Бетис на 30.декември.