Видео: Реал Мадрид го почасти Рајо со 10-ка со кромид. Кралевите славеа со 10-2 на Бернабе!

Loading

Реал Мадрид го декласира Рајо Ваљекано со 10:2 во 16.коло, во Шпанската Примера.

real-madrid-rayo-vallecano-10-2

Рајо на „Сантијаго Бернабеу“ водеше со 1:2, но откако во 28.минута остана со двајца играчи помалку, Реал Мадрид до врв ја наполни нивната мрежа.

Гол серијата ја отвори Данило веќе во третата минута, но Рајо направи пресврт до 14.минута со головите на Амаја и Хосабед.

Бејл во 25.минута погоди со глава за 2:2, а три минути подоцна главниот судија досуди еден сомнителен пенал за `кралскиот клуб` и на Баена му го покажа вториот жолт картон.

Па така со двајца играчи помалку од 30-та минута до крајот на полувремето голови постигнаа Роналдо од пенал и Бејл, а во второто полувреме стрелци беа Бензема, Роналдо, Бејл.

Оваа победа од 10:2 над Рајо Ваљекано е втората најубедлива за Реал Мадрид во историјата на Примера, во 1960 година Реал славеле над Елче со 11:2.

Инсерти од натпреварот Реал Мадрид – Рајо Ваљекано…