Видео: Еве како Ливерпул се посрамоти кај Ватфорд со 3-0

Loading

Фудбалерите на Ватфорд убедливо го победија Ливерпул со 3:0, во 17 коло од Англиската Премиер лига.

watford

Ватфорд со оваа го мина Ливерпул на премиерлигашката табела, популарните `стршлени` на осмата позиција имаат 28 бодови, додека Ливерпул со 24 бода е на деветтото место.

Домаќинот на „Викариџ Роуд“ одлично влезе во натпреварот и по само 180 секунди игра стигна до водство со голот на Аке, кој ја искористи катастрофалната реакција на голманот Богдан.

Вотфорд предноста ја дуплираше во 15. минута кога Игало го постигна вториот гол. Истиот играч во 85. минута го постави конечниот резултат.