Манчестер Јунајтед загуби со 2:1 од Норвич на домашен терен и многу од навивачите на „црвените ѓаволи“ побараа разрешување на тренерот Луј ван Гал.
Сепак во следните неколку дена ќе се знае судбината на менаџерот на Манчестер јунајтед Луис Ван Гал кој се наоѓа пред отказ откако тимот влезе во серија на лоши резултати.
Како негов наследник се споменува Жозе Мурињо кој доби отказ и сега е слободен да ја преземе функцијата на меџанер на „црвените ѓаволи“.
Тоа е стара желба на Португалецот уште о времето кога од клупата си замина Сер Алекс Фергусон, а најавите добиваат своја поткрепа и поради отпочнатите преговори на агентот Жорге Мендеш, чиј клиент е Мурињо, со раководството, но и со дел од фудбалерите на Манчестер јунајтед.
Агентот Мендеш сака да знае дали „црвените ѓаволи“ би сакале да го имаат Мурињо за свој менаџер, откако тој претходно го предводеше Челзи.
Каква ќе биде разврската ќе почекаме уште неколку дена.