Дојде време и фудбалска Србија конечно да се појави на едно Европското првенство.
Во текот на претходните години Србија успеа да обезбеди пат на три Светски првенства, во Јужна Африка, Русија и Катар, но немаа можност да играат на европско тло, под името Србија.
Ждрепката во Хамбург ги спои „орлите“ на Стојковиќ со Англија, Словенија и Данска во групата „Ц“. Некој би рекол дека Србија е во групата на „смртта“, но дефинитивно има и потешки од оваа.
Англија предводена од Саутгејт важи за еден од најголемите фаворити на Европското првенство во Германија. Истото беше случај и на претходното Европско првенство, кога „Горди Албион“ стигна до финалето, каде на пенали беше поразен од Италија.
Сегашната генерација на Англија ја предводи одличниот напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, кој е и најдобар напаѓач во Европа, но тука е и талентираниот тинејџер од Реал Мадрид, Џaд Белингем, кој ја освои ЛШ со Реал Мадрид.
Во секој случај, ќе има тежок тест за српската репрезентација на првиот натпревар во Германија.
Данците се пласираа на ЕП како првопласирани по одличните квалификации во групата „Х“. Точно, имаа ист број бодови како Словенија 22, а вкупно постигнаа седум победи, два пораза и едно реми.
На последното ЕП Данците стигнаа до полуфиналето, па на ова ќе имаат значително поголеми амбиции. Како што е познато, Данците против сите очекувања триумфираа во 1992 година, оттогаш фудбалот многу се промени, но оваа селекција и понатаму има одлични играчи.
Данците нема да бидат лесна задача за никого на ЕП, многупати го докажаа својот континуитет на игри на големите натпреварувања, па никогаш не можат да бидат отпишани.
Очекувањата се големи, а тимот е вистинска комбинација на младост и искуство, предводена од Кристијан Ериксен како вистински лидер. Реалноста е дека тие имаат блага предност пред Словенија и Србија, додека Англичаните се „преголем залак“ за нив.
По 24 години Словенија се враќа на ЕП, а овој успех го постигна од квалификациската група „Х“. Селекторот Матјаж Кек успеа да создаде силна и енергична репрезентација предводена од голманот Јан Облак, но „зелените змаеви“ најмногу ќе се потпрат на Бенјамин Шешек.
Интересно е и тоа што на списокот се најде и искусниот играч на Марибор, Јосип Иличиќ, кој го играше фудбалот на својот живот во Аталанта.
Во националниот тим не е од ноември 2021 година и од дуелот со Кипар во квалификациите за Светското првенство во Катар.
Искусниот фудбалер има 36 години, страдаше од депресија и вишок килограми, но во Марибор се врати во форма. Треба да се истакне дека главната сила на Словенија е тимскиот дух и тимската работа, создадени од Матјаж Кек.
Србија, исто како Словенија, по 24 години ќе оди на ЕП, а конечно еден селектор искомбинира две големи натпреварувања. На Драган Стојковиќ му успеа она што на никој пред него во поновата историја на српскиот фудбал.
Исто како и во Катар пред две години, напаѓачка сила на репрезентацијата ќе бидат Душан Тадиќ, Александар Митровиќ, Душан Влаховиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Српскиот тим не може да се замисли без овие четворица. Во офанзивниот дел на тимот „орлите“ имаат играчи од светска класа, сепак, одбраната останува најголем проблем за Стојковиќ.
Селекторот и натаму се потпира на Миленковиќ, Павловиќ, Вељковиќ, Бабиќ, па и Гудељ, но и преку квалификациите се покажа дека Србија е „најтенка“ на таа позиција.
Меѓутоа, ако сето тоа можат да го надополнат Митровиќ, Тадиќ, Влаховиќ и Сергеј, нема да има проблем.
Точно е дека Стојковиќ ја освежи репрезентацијата со играчи од Суперлигата, но нема поголеми изненадувања, докажаните сили се таму, подготвени да направат подобар резултат од Катар.
Натпреварот кој може да одлучи за пласман во следната фаза од натпреварувањето секако е вториот против Словенија во Минхен.
Распоред на натпревари – Група Ц
1. коло – 16 јуни
Србија – Англија – 21.00 часот (Гелзенкирхен)
Словенија – Данска – 18.00 часот (Штутгарт)
2. коло – 20 јуни
Србија – Словенија – 15.00 часот (Минхен)
Англија – Данска – 18.00 часот (Франкфурт)
3. коло – 25 јуни
Србија – Данска – 21.00 часот (Минхен)
Англија – Словенија – 21.00 часот (Келн)