ЕВРО 2024: Фондот е ист, а колку ќе заработи новиот европски шампион?

Loading

ЕП 2024 во Германија ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули и стартува за 5 дена, а УЕФА го објави наградниот фонд на континенталниот собир.

Истиот останува непроменет во однос на претходното ЕП кое се одржа пред три години. Па така фондот кој го дава УЕФА изнесува 331 милион евра.

Со самиот пласман на ЕП секоја репрезентација заработи по 9,25 милиони евра. За победа во групната фаза се доделуваат дополнителни милион евра, а за нерешен резултат половина милион евра.

Селекциите кои ќе обезбедат осминафинале добиваат по дополнителни 1,5 милиони, за четвртфинале 2,5, за полуфинале четири милиони евра.

За влез во финалето, поточно поразениот добива пет милиони, а победникот осум милиони евра.

Така максималната сума која може да ја добие европскиот шампион ако слави на сите мечеви во групата изнесува вкуно 28,25 милиони евра.

Награден фонд за ЕП 2024 во Германија од 331 милион евра:

Бонус за пласман: 9,25 милиони евра
Победа во групата: 1 милион евра
Неопределени во групата: 500 илјади евра
Влез во осминафиналето: 1,5 милиони евра
Влез во четвртфиналето: 2,5 милиони евра
Влез во полуфинале: 4 милиони евра
Поразен финалист: 5 милиони евра
Конечен победник: 8 милиони евра

Како се движеше наградниот фонд на претходните ЕП од 1996 до 2024 година:

1996 година (16 тима): 57,05 милиони евра
2000 година (16): 74,42 милиони евра
2004 година (16): 127,80 милиони евра
2008 година (16): 184 милиони евра
2012 година (16): 196 милиони евра
2016 година (24): 301 милиони евра
2021 година (24): 331 милиони евра
2024 година (24): 331 милиони евра

Шампионската титула од претходното ЕП ја брани Италија.