Барселона во зимскиот преоден рок се обиде да го доведе Марсело Брозовиќ (30) од Интер, но не успеа.
Со заминувањето на Серхио Бускетс, каталонскиот тим мора да најде централен играч за врска. Мундо Депортиво уште еднаш објави дека Брозовиќ е меѓу кандидатите за приклучување на тимот на тренерот Чави Ернандез.
Но, тој не е единствениот, бидејќи на списокот се и Гудио Родригез (Бетис), Мартин Зубименди (Реал Сосиедад) и Софијан Амрабат (Фиорентина).
Брозовиќ како капитен одигра одлично финале во Лигата на шампионите во кое Интер загуби од Манчестер Сити, па во последно време се намалија гласините за негово заминување од миланскиот клуб.
Неговиот договор е со важност за уште три години, а Трансфермакт неговата вредност ја проценува на 25 милиони евра.