По 11 години го напушта Атлетико – Симеоне го напушта Мадрид и се сели во …

Loading

Шпанската ТВ емисија „Ел Чирингито“ ја носи веста на денот, Диего ’Чоло’ Симеоне по 11 години реши да ја напушти клупата на Атлетико Мадрид.

Според Шпанците, еден од најдобрите тренери во светот во последната деценија решил да го напушти кормилото на ’Јорганџиите’ ова лето.

Пако Гарсија пренесува дека популарниот ’Чоло’ веќе ги известил клупските челници за неговата желба да си замине ова лето, една година пред крајот на неговиот договор.

Во овие 11 години во Мадрид, Симеоне стана икона на Атлетико, неговиот агресивен и одбранбен стил го доведе мадридскиот тим до најголемите успеси во историјата.

Откако му се приклучи на клубот, Симеоне секоја сезона завршуваше меѓу четирите најдобри во шпанската лига, водејќи ги до две првенствени титули, две финалиња во Лигата на шампионите, еден шпански куп, две титули во Лига Европа, два европски Суперкупа и еден шпански.

Како следна дестинација во кариерата на Симеоне се споменува италијанската Серија А каде како играч го носеше дресот на Лацио во Рим и на Интер. Кратко време работеше и како тренер на Катанија.

Интер од претходно беше доста заинтересиран за неговите услуги, а се зборува дека симпатиите се обострани …