Нико Розберг со победа во Абу Даби ја заврши сезоната 2015 во Формула 1

Loading

Германецот Нико Розберг победи на последната трка во светскиот шампионат во Формула 1 и по шести пат се искачи на највисокото  место од пиедесталот во сезоната.

ABU DHABI, UNITED ARAB EMIRATES - NOVEMBER 29:  Nico Rosberg of Germany and Mercedes GP lifts the trophy on the podium after winning the Abu Dhabi Formula One Grand Prix at Yas Marina Circuit on November 29, 2015 in Abu Dhabi, United Arab Emirates.  (Photo by Mark Thompson/Getty Images)

Тој до третата победа по ред во шампионатот стигна во Абу Даби во болидот на Мерцедес, пред клупскиот колега Луис Хамилтон и пилотите на Ферари, Раиконен  и Фетел.

Стартуваше од пол позицијата, а тимската тактика му овозможи  доволна предност без проблеми да се задржи на 1.позиција до крајот на трката.

rozz2 rozz5

По завршната, 20-та трка од сезоната, Хамилтон заврши со 381 бод, 59 повеќе од Розберг, а Фетел е на 3.место со 278, додека кај конструкторите победник е Мерцедес, пред Ферари и Вилијамс.

rozz6 rozz4 rozz3

Следната сезона стартува на 20 март со трката за големата награда на Австралија во Мелбурн.