Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во случај на победа ќе стане рекордер по бројот на освоени гренслем трофеи вкупно 21.
Тој би имал еден повеќе од Новак Џоковиќ и Роџер Федерер. Новак лесно и брзо може да ја достигне и надмине, доколку можностите, се разбира, дозволуваат.
Со победа на Медведев на Австралија опен, Новак Џоковиќ ќе го загуби првото место на АТП листата.
Како минаа досега дуелите на Надал и Медведев? Тие двајца се сретнале вкупно четири пати.
Ги одиграа најголем дел од натпреварите во текот на 2019 година и повторно се сретнаа во 2020 година.
Првиот меч Надал го доби убедливо со 6:3 и 6:0 на Мастерсот во Канада, а набргу потоа се сретнаа и на УС Опен. Таму Надал веќе имаше многу потешка работа, Медведев пружи силен отпор, а победата му припадна на шпанскиот тенисер со 7:5 6:3 5:7 4:6 6:4 по речиси 5 часа битка.
Истата година се сретнаа на завршниот Мастерс во Лондон, повторно се водеше неизвесна и драматична борба, а Надал успеа повторно да триумфира, овојпат со 6:7, 6:3, 7:6.
Реваншот Медведев го чекаше една година, до завршниот Мастерс во 2020 година, кога Русинот со пресврт славеше со 3:6, 7:6, 6:3.
Така, освен тој прв меч кога Надал лесно славеше, двајцата одиграа многу возбудливи дуели и целосно неизвесни, па реално е да се очекува такво нешто во финалето на Австралија опен 2022.
Подгответе се за маратонска борба која започнува утре од 09.30 часот по македонско време!