МЗТ Скопје го врати Стефан Синовец!

Loading

По трите порази по ред во АБА и повредите на играчи од стартната петорка, раководството на МЗТ реши да го ангажира Стефан Синовец.

синовец

Синовец со тимот на Јане Сандански потпиша договор до крајот на сезоната.

Станува збор кошаркар кој одлично ја познава средината во која доаѓа, со оглед што претходно двапати настапуваше на сино-белиот тим.

Синовец во „Јане Сандански“ дојде во 2013 по што ја одигра целата сезона.

Потоа замина во унгарски Шолнок, по што се врати во таборот на МЗТ Скопје Аеродром.

Минатата сезона ја мина во словенечка Крка.

Стефан игра на позицијата бек-шутер, а по потреба може да помогне и на позицијата „3“, која е дефицитарна по повредата на Ѓорѓе Дреновац.

Во кариерата, која ја почна во српска Визура, има играно уште и за Партизан, Металац Ваљево, Раднички Крагуевац и Химик.

Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува в недела на дуелот на домашен терен против Цибона.