30 кошаркари ќе се борат за составот на САД за настап на ОИ во Рио

Loading

Американската кошаркарска федерација го објави првиот список на играчи кои конкурираат за настап на Олимписките игри во Рио.

team-usa-basketball

На прелиминарниот список се наоѓаат 30 имиња. Меѓу кандидатите се наоѓаат и Леброн Џејмс, односно Кармело Ентони, кои имаат освоено по две злата на олимпијадите.

Дополнително ќе биде објавен списокот на 12 кошаркари кои ќе настапат на ОИ, а меѓу нив ќе го нема Коби Брајант.

Прелиминарниот список е Ламаркус Олдриџ, Кармело Ентони, Херисон Барнс, Бредли Бил, Џими Батлер, Мајк Конли, Демаркус Казинс, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Демар Дерозан, Андре Драмонд, Кевин Дурент, Кевин Фарид, Пол Џорџ, Дрејмонд Грин, Блејк Грифин, Џејмс Харден, Гордон Хејвурд, Двајт Хауард, Андре Игудала, Леброн Џејмс, Деандре Џордан, Кави Ленард, Крис Пол, Клеј Томпсон, Џон Вол, Расел Вестбрук.

usacamp2

Репрезентацијата ќе ја предводи Мајк Кжижевски, а помошници ќе му бидат Тим Тибодо, Џим Бохајм и Монти Вилијамс.

САД, има освоено 14 златни медали на ОИ, а од 1992 година наваму само во 2004 не стигнаа до златото.