Челзи го напуштаат четири врвни фудбалери!

Loading

Тимот на Челзи доколку не се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, со сигурност ќе загубат дури 4-ца првотимци, големи ѕвезди на клубот.

CHELSEA

Станува збор за играчите Тибо Куртоа, Еден Азар, Оскар и Диего Коста кои ќе си заминат од „Стемфорд Бриџ“.

За Азар силен интерес покажува Реал Мадрид кој следното лето ќе тргне во офанзива, а и самиот фудбалер побара да замине од клубот.

Оскар е незадоволен од минутажата, а минатото лето имаше понуда од Јувентус која ја одби и остана на „Стенфорд Бриџ“, но ова лето најверојатно ќе го напушти Челзи.

Диего Коста сигурно ќе ја промени средината, а на напаѓачот не му се допаѓа амбиентот и климата во Англија што се одразува на неговата форма. Тој веќе има богата понуда од ПСЖ.

Најверојатно и Тибо Куртоа ќе замине, а за кого е заинтересиран Реал Мадрид.

Доколку заминат овие играчи, за промена на средината размислува и Цеск Фабрегас особено по големите критии кои ги претрпе оваа сезона од јавноста и навивачите.