Тимот на Барселона е 12 поени пред Реал Мадрид на табелата во шпанското првенство.
Така со ваква бодовна разлика, тимот од каталонија се многу блиску до одбрана на трофејот во домашниот шампионат, но, сепак, уште ништо не е решено.
Сепак и без разлика на бодовната ситуација, дуелите на двата најтрофејни клуба во Шпанија секогаш привлекувале посебно внимание.
Во првото Ел Класико на победи се радуваше Барселона во Мадрид против Реал, а сега останува мечот кој ќе биде на „Ноу Камп“.
Шпанската фудбалска федерација го одреди и датумот за големото Ел Класико, а истото ќе биде на 2 април в сабота со почеток од 22:30 часот.
Овој термин е одреден да биде веднаш по паузата која ја имаат екипите за пријателски репрезентативни натпревари.