10-та победа по ред за ОК Вардар во Мак Одбојката – Во Тетово славеше против Лирија со 3-0!

И трета победа во Тетово на одбојкарите на Вардар во четврттиот настап во вториот дел од сезоната 2021/22 во одбојкарскиот шампионат на Македонија.

ОК Вардар со 3-0 во сетови полесно од очекувањата го победи тимот на Лирија со што ја запиша и четврттата победа по ред во плејофот вкупно 10-та во првенството.

Црвено-црните одбојкари го добија првиот сет со 25-16, додека во вториот сет кој беше доста неизвесен ОК Вардар го доби со 25-23. И во третиот сет ОК Вардар ги реши сите дилеми околу победникот и го доби со 25-19 за 3-0 во сетови.

ОК Вардар во Тетово исто така славеше над Шкендија со 3-1, а против Универзитет Тетово победи убедливо со 3-0.  Со оваа победа ОК Вардар со скор од (10-4) се зацврсти на второто место на табелата во првата одбојкарска лига на Македонија, веднаш зад лидерот Струмица кои се уште се без пораз оваа сезона (14-0).

Во следното 5.коло ОК Вардар ќе има вистински предизвик. Во Скопје во првиот натпревар од плејофот кој ОК Вардар ќе го игра на домашен терен, му гостува токму лидерот Струмица и тоа ќе биде одлична шанса за овој тим да покаже дека може да се носи со лидерот и да му го нанесе првиот пораз сезонава.

ТАБЕЛА:

Струмица (14-0),
Вардар (10-4)
Шкендија (10-4),
Универзитет во Тетово (8-6),
ГОК Борец (7-7),
Лирија (6-8)