(ВИДЕО) На американците им се смее цел свет – Не може да игра без вакцина, а може во сала без маска!

Loading

Сега ситуацијата со Кајри Ирвинг во НБА лигата стана смешна. Плејмејкерот на Бруклин е еден од најпознатите играчи во светот, но не може да игра за својот тим дома бидејќи не е вакциниран.

Таков е законот во државата Њујорк, иако е навистина неверојатно што Ирвинг може да игра во сите други сали освен во својата. Јасно е дека сакаат да го направат пример за другите, иако тоа им прави поголема штета на Нетси.

Сега пристигнаа најновите информации поради што на американците им се смее цела планета. Ирвинг може да влезе во „Барклис центарот“, да биде во салата без маска и без вакцина, но не може да игра.

Ирвинг беше на натпреварот вечерва во градското дерби против Њујорк веднаш до теренот на седиштето што го плати и да биде во улога на гледач. Но, тој не може да игра“, напиша Шамс Чаранија.

Сосема бизарна ситуација и сето тоа пред борбата за што подобар пласман во плеј-офот.

Според досегашниот распоред, Ирвинг ќе може да настапи само на четири од 15-те натпревари за Бруклин, бидејќи голем број натпревари играат на домашен терен.

Инаку, Бруклин во својата арена го победи градскиот ривал Њујорк по голема борба со 110-107, а блеската на оваа средба Дурент со 53 коша.