Составот на Англија за ЕУРО 2016

Loading

Селекторот на англиската репрезентација, Рој Хоџсон го објави поширокиот список на фудбалери на кои ќе смета за ЕУРО 2016.

england

На списокот се 26 фудбалери од кои тројца ќе останат без настап во Франција. Од редовите на новиот англиски шампион Лестер се повикани само двајца фудбалери, играчот од средниот ред Дани Дринквотер и напаѓачот Џејми Варди.

Изненадување преставува повикот на младиот Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, како и изоставувањето на Јагелка и Тео Волкот.

Голмани: Џо Харт (Манчестер Сити), Фрејзер Форстер (Саутемптон), Том Хитон (Барнли).

Одбрана: Рајан Бертранд (Саутемптон), Гери Кејхил (Челзи), Натаниел Клајн (Ливерпул), Дени Роуз (Тотенхем), Крис Смолинг (Манчестер Јунајтед), Џон Стонус (Евертон), Кајл Вокер (Тотенхем).

Среден ред: Деле Али (Тотенхем), Рос Баркли (Евертон), Фабиан Делф (Манчестер Сити), Ерик Даер (Тотенхем), Дани Дринквотер (Лестер), Џордан Хендерсон (Ливерпул), Адам Лалана (Ливерпул), Џејмс Милнер (Ливерпул), Андрес Таунзенд (Њукасл), Џек Вилшер (Арсенал).

Напад: Хари Кејн (Тотенхем), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Вејн Руни (Манчестер Јунајтед), Даниел Стариџ (Ливерпул), Џејми Варди (Лестер).

Англија на ЕУРО 2016 ќе игра во Б групата, против Русија, Велс и Словачка.

Шампионатот во Франција ќе започне на 10 јуни и ќе трае точно еден месец до 10 јули.

англија