Слушнете ја официјалната химна за ЕВРО 2016

Loading

Ди-џејот Дејвид Гета ја направи официјалната химна за претстојното Европско првенство во фудбал, Франција 2016.

дејвид гета

Песната е со наслов “This One’s For You” ќе ја изнаслушаме во следните два месеца, а главниот вокал во химната на ЕВРО 2016 и припаѓа на младата шведска ѕвезда Зара Ларсон, додека во позадина можат да се слушнат и гласовите на милионите фанови ширум светот кои преку кампањата за химната го сними својот глас.

“This One’s For You” ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како песна со најмногу вокали.

Слушнете ја химната за ЕВРО 2016…