На Роланд Гарос се игра 3.коло, во 1/8 се пласираа Бегу, Мугуруза и Халеп!

Loading

На терените на Ролан Гарос започнаа дуелите од третото коло на вториот Гренд слем турнир сезонава.

роланд гарос

Бранителот на трофејот Станислас Вавринка игра со Жереми Шарди, Ришар Гаске за противник го има Ник Киргиос, фаворитот број два Енди Мареј се соочува со Иво Карловиќ.

Осмиот носител Милош Раониќ игра против Андреј Мартин, Жил Симон за место во следната рунда ќе се бори со Виктор Троицки додека Кеи Нишикори ќе се сретне со Фернандо Вердаско.

Кај дамите програмата со победа ја отвори Гарбине Мугуруза која со 2-0 ја победи Јанина Викмаер.

Симона Халеп со 2-1 ја победи Наоми Осака, а втората фаворитка Агњешка Радванска се среќава со Барбара Стрицова.