full screen background image
Последни Вести

Ова е новиот болид на Ф1 тимот на Мекларен – Бојата во преден план! (видео+фото)

Мекларен ф1 тимот денеска го претстави новиот болид пред стартот на 2018 сезона во Формула 1.

Новина е тоа што сега болидот на Мекларен ќе биде целосно портокалов. Мекларен во минатата сезона имаше поинаква нијанса на портокалова боја, но во новата сезона се одлучија за голема промена, во која прв возач ќе им биде Фернандо Алонсо.

Негов колега ќе биде Стофел Вандорн кој ќе ја вози втората сезона во Мекларен.

Мекларен нема победа од последната трка во 2012 година во Бразил, а досега ниту еден возач нема пласман на подиумот од првата трка во 2014 година, кога Магнусен беше втор во Австралија.

Сезоната 2018 во Ф1 шампионатот започнува на 25. март во Мелбурн со трката за Големата награда на Австралија.