full screen background image
Последни Вести

Челзи го договорил „вундеркиндот“ Кенеди од Флуминенсе

Жозе Мурињо веќе го договорил првиот летен трансфер, а станува збор за младиот напаѓач на Флуминенсе, Роберт Кенеди кој важи за еден од најталентираните фудбалери на светот и кој беше мета на многу европски гиганти.

Kenedy mandou a torcida se calar

Kenedy mandou a torcida se calar

Интерес за 19-годишниот Кенеди покажаа Интер, Милан, Арсенал и Манчестер Јунајтед, но не чуди тоа што Челзи успеа да го украде „вундеркиндот“ пред носот на конкурентите бидејќи агентот на Кенеди исто така го застапува бразилското трио на лондонскиот клуб – Вилијан, Оскар и Рамиреш.

Веќе биле договорени сите детали околу трансферот на младиот Бразилец кој би требало да пристигне на „Стемфорд Бриџ“ веднаш на почетокот од летниот преоден рок.

Кенеди оваа сезона на 36 натпревари за Флуминенсе постигна 5 гола, а има само 19 години, додека за репрезентацијата на Бразил до 20 години и има постигнато 1 гол на 7 одиграни натпревари.