full screen background image
Последни Вести

Куманово преку Сутјеска до првата победа во БИБЛ Лигата

D2X_0128

Куманово ја совлада екипата на Сутјеска пред своја публика со резултат 97-87 (22-18, 24-22, 27-27, 30-20)

На кумановци им припадна првиот дел од почетната четвртина кога дојдоа до 11-0 разлика која не успеаа да ја зацуваат па така првата четвртина заврши со четири разлика за Куманово 22-18. Втората четвртина заврши повторно во корист на кумановци 24-22 па така тие на полувреме заминаа со шест поени разлика 46-40.

Второто полувреме не баш најдобро за кумановци, пад во играта кој Сутјеска знаеше да го искористи п ана крајот на третата четвртина успеаа да израмнат на 67-67. Куманово во четвртата четвртина покажа поголема желба и мотив за да го добие овој натпревар и ја доби четвртината со 30-20 со  кој беа поставени конечни 97-87 кои беа доволни за Куманово да ја запише првата победа во БИБЛ Лига.

Најефикасен на натпреварот беше Вукашин Мандиќ 31 поен, а одлична партија имаше и Александар Костовски 16 поени и 5 асистенции. Двоцифрен број на поени постигнаа и Јаневски 14 како и Штерјов 13 поени.