Зошто Хабиб е различен од другите УФЦ ѕвезди? – Славниот борец ја отвори душата!

Loading

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов привлекува големо внимание каде и да се појави.

Рускиот борец моментално се наоѓа во САД каде го промовира својот тим, а потоа заминува од Мајами во Феникс каде како тренер ќе го води својот ученик Ислам Мамадов на Bellator.

Американските медиуми се интересираа за приватниот живот на познатиот руски борец, бидејќи за него се знае многу помалку отколку за неговата кариера.

,,Тренирам еднаш дневно, вежбам фитнес. Сакам да трчам и играм. Понекогаш удирам во ,,крушката,,. Веќе не се штедам. Се трудам да се одржам во форма за да изгледам како спортист. Ако наеднаш се изгубам и моите најблиски се јавуваат во полиција, сакам да им кажам: „Изгледаше како спортист“, изјави Хабиб.

Хабиб беше прашан и за некои лични работи. Меѓу другото, дали некогаш бил во ноќен клуб?

„Никогаш не сум бил. Ако ми се допадне, би заминал, но навистина не ми се допаѓа. Што прават луѓето таму?

На прашањето каква музика слуша, можеби раперот Дрејк, тој одговори:

„Искрено, се колнам, кога Дрејк беше во аголот со Конор Мек Грегор, не ни знаев кој е тој. Сите луѓе велат дека тоа е некој познат, но се колнам, не го познавав. Со години не слушам музика, но кога бев помал слушав Еминем, ДМХ, Тупак…“

Конечно, Нурмагомедов се потсети на најнеобичните и највпечатливите подароци од обожавателите и зборуваше за единствениот автомобил што некогаш си го купил.

„Не бев љубител на автомобили. Во целиот мој живот купив само еден автомобил, Range Rover. Многу добар автомобил и го имам во Дагестан.