Левандовски ги прати менаџерите на преговори – Се подготвува голем трансфер!?

Loading

Иако неговиот договор со Баерн Минхен истекува во летото 2023 година, Роберт Левандовски одамна реши да не го продолжи договорот.

Тој сака да замине во Реал Мадрид на крајот од оваа сезона.

Сензационалната вест ја објави шпанскиот АС, кој тврди дека полскиот голгетер веќе им дал „мандат“ на своите менаџери да договорат трансфер во Реал, кој за неговите услуги на баварскиот гигант би можел да му плати од 30 до 40 милиони евра.

Ова е последна шанса за Баерн да заработи на играчот кој го донесе бесплатно во 2013 година од редовите на најголемиот ривал Борусија од Дортмунд.

За неговите квалитети веќе се пишуваа романи, последните три сезони беше најдобар стрелец во петте најсилни лиги во Европа.

Само оваа сезона постигна 35 гола, а зад себе остави напаѓачи како Халанд со 23 и Килијан Мбапе со 20 гола.

Полскиот напаѓач би можел да пристигне како замена за Халанд, од кого Реал наводно се оладил.

Флорентино Перез смета дека ќе биде тешко да се реализира тој трансфер летово, па се свртеа кон нови опции, а со Мбапе тоа би можел да биде Левандовски.