Зошто белградски Партизан дебело ќе профитира ако Диего Коста потпише за Алмерија?

Диего Коста би можел да се врати во Шпанија, објавија денеска многу медиуми.

коста1

Напаѓачот има огромен број понуди а најдобрата се чини е од Алмерија која бара замена за Умар Садик кој најверојатно ќе биде продаден ова лето.

Тоа не е се, и Рајо Ваљекано го сака во своите редови, клубот во кој настапува и Радамел Фалкао, па би било многу интересно да ги видиме и двајцата во ист дрес.

Коста го привлекува и враќањето во Мадрид, каде престојуваше пред неколку години, додека го носеше дресот на Атлетико Мадрид.

Инаку, Коста има веќе 33 години, не игра натпреварувачки фудбал цели 6 месеци, па претпоставуваме дека ќе му треба уште малку да се прилагоди во новиот клуб.

Доколку дојде во редовите на Алмерија, тоа значи дека Садик сигурно ќе биде продаден и Партизан би имал сериозен прилив во својата каса.