Доминиканскиот кошаркар Емануел Хансел го продолжи својот сон да игра во НБА, откако се посвети на Стејт Универзитетот Нортвестерн.
![](https://i0.wp.com/sporty.mk/wp-content/uploads/2022/07/emanuel.jpg?resize=800%2C532&ssl=1)
Хансел имаше понуди и од Мемфис и Тенеси Стејт, но неговиот избор падна на „демоните“.
Специфично за него е фактот што има само една рака, но тоа не го спречува да биде рамноправен со своите врсници, вклучувајќи ги и НБА играчите во Дру лигата каде што настапуваше.
Левата рака на Хансел му била ампутирана кога имал само шест години. Врз него паднал ѕид и раката два часа му била заробена под него, по што немало друго решение.
Тој беше принуден да се прилагоди и да се потпре на својата десна рака и сега може да направи се – да забие, да шутира тројки, да блокира и да краде топки.
Затоа, не треба да ве чуди ако стане првиот играч во историјата на НБА што ќе игра со само една рака.