Барселона го носи Робин Ван Перси на Ноу Камп!

Loading

Каталонскиот тим и шампион на Шпанија, Барселона сака максимално да го искористи преодниот рок за доведување на нови имиња во својот клуб.

ван перси

Па така откако ги осигура услугите и им го грабна од пред нос португалецот Андре Гомеш на Реал Мадрид, сега каталонците сакаат во своите редови посебно во напаѓачките да го донесе и холанѓанецот Робин Ван Перси.

Тренерот Луис Енрике е во потрага по нов напаѓач, а од поодамна стара желба на Барселона е токму Ван Перси кој сака да го напушти турскиот клуб Фенербахче.

Сепак за трансферот да се реализира, турскиот тим бара 10 милиони евра, а холанѓанецот е спремен и за далеку помала плата да заигра за Барселона.

ван перси1

Доколку не се реализира овој трансфер, Ван Перси има веќе и други понуди пред се од англиската премиерлига.