Втора победа на МЗТ Скопје во шампионатот на Македонија. Совладан Кожув со 72-66

Loading

Кошаркарскиот шампион на Македонија тимот на МЗТ Скопје Аеродром во СЦ Јане Сандански го победи Кожув со 72:66 за втор триумф во кошаркарски шампионат на Македонија.

mzt-kozuv

Дуелот беше израмнет, а домашните кошаркари дури во самиот финиш на мечот успеаја да го скршат отпорот на гевгеличани кои во еден момент од третата четвртина имаа и 8 поени предност.

Кај домаќините со 19 поени најдобар беше Дамјан Стојановски, Ѓорѓе Дреновац постигна 16, додека Марко Љубичиќ 11 коша.

Кај Кожув, Алексеј Нешовиќ со 19 поени беше најдобар поединец. На другите дуели од 3.коло во макбаксетот Карпош Соколи-Куманово 90:83, Фени Индустри-Работнички 79:82 и Бест-Струмица 68:91.

Следното 4.коло се игра 31 октомври.