Првиот светски рекет Новак Џоковиќ со победа над Џејмс Вард ја започна одбраната на титулата на третиот Грен слем во сезоната, Вимблдон.
Џоковиќ, не блескаше на стартот на Вимбледон, осцилираше во играта, но успеа со максимален резултат да го совлада 177-от играч на АТП листата Вард со 3-0 во сетови 6-0, 7-6, 6-4.
Од фаворитите првото коло во три сета го минаа Чилиќ, Гофин, Ферер, Димитров, Раониќ, Нишикори, еден сет загуби Симон, а во пет сета пласман во второто коло изборија Белучи и Алмагро.
Кај дамите турнирот уште во првото коло заврши за 23-та носителка Ана Ивановиќ, која загуби од 225-та на ВТА листата, Екатерина Александрова. Руската тенисерка победи во два сета со 6-2, 7-5.
Првото коло кај дамите без проблеми го минаа Ерани, Флипкенс, Венус Вилијамс, Стосур, Лисицки, Сафарова, Корне, Мугуруза.