Во рамките на американската турнеја, Челзи ја победи Мексиканска Америка со 2:1 во првиот подготвителен натпревар.
![](https://i0.wp.com/sporty.mk/wp-content/uploads/2022/07/chelsea-haverz.jpg?resize=800%2C532&ssl=1)
Сите голови ги постигнаа „Сините“ од Лондон. Тимо Вернер во 55. минута и Мејсон Маунт во 83. минута, а Рис Џејмс во 60. минута си постигна автогол во својата мрежа.
Можеше да им се придружи и Хаверц кој играше во првото полувреме и имаше една колосална можност.
Во еден контранапад се најде пред славниот голман Гиљермо Очоа, го игнорираше соиграчот Хаким Зијеш и шутираше во горниот десен агол на голманот.
Сепак, тој го мина голот и веднаш се фати за глава, па не виде што се случи понатаму. Топката удри во оградата пред трибините, а по одбивањето заврши во пластична канта што беше таму.
Kai Havertz may have missed the goal, but he hit the bin 🗑 pic.twitter.com/7wNmTKuwGw
— ESPN FC (@ESPNFC) July 18, 2022
Феноменален кош, од табла, од над 20 метри! И да шутираше во неа можеби ќе дадеше гол…