(ВИДЕО) Затоа се посебни фановите во Франција – На чудесен начин пробуваа да му посметаат на пеналџијата!

Loading

Навивачите наоѓаат иновативни начини да му помогнат на својот омилен тим и да ги попречат нивните противници.

фото: Twitter

Главно се работи за свирежи или нешто слично, но симпатизерите на Анже отидоа чекор понатаму. Тие ги соблекоа гаќите и ги покажаа голите задници со цел да го нарушат пеналот во највисоката француска лига.

Се обидоа двапати, прво во 33. минута, а потоа и во 39. минута. Тие не беа успешни во ниту еден од тие два обида.

Анже поведе со голот на Хуно во 28. минута, но следеа два пенали. Во 33. минута прецизен беше Кеи, па шест минути подоцна сигурен изведувач беше и Чам.

Група навивачи, кои беа зад голот на својот тим, двата пати се обидоа да влијаат на изведувачите на најстрогата казна.

Анже практично веќе испадна од најсилната лига во Франција. Имаат 14 бода, дури 17 помалку од Брест, првиот тим над зоната за испаѓање.

Погледнете го моментот на 1 минута и 2 секунди….