На фудбалските натпревари можеме да видиме различни ситуации, дури и најбизарни, а еден таков се случи од Аргентина.
На натпреварот помеѓу Ламадрид и Викторијано Аренас кој заврши 2-1, судијата призна гол иако топката помина покрај голот, што јасно може да се види на видеото кое е прегледано повеќе од 500.000 пати на социјалните мрежи.
Реакцијата на коментаторите и нивната збунетост јасно покажува дека целата ситуација е неверојатна, како и реакцијата на играчите на гостинскиот тим, кои прво се фатија за глава поради грешката, а потоа наеднаш почнаа да се радуваат.
Примениот гол му се припишува на Рамон Руиз, со кој Викторијано израмни во 67. минута, а во 87. со гол од пенал го потврди пресвртот „од 1 до 2“, бидејќи Ламадрид имаше предност од 27. минута.
Овој, во најмала рака, сомнителен натпревар се одигра во Примера Ц Клаусура, односно четвртата лига во Аргентина и привлече големо внимание кај фудбалските фанови, не само во Јужна Америка.
Проценете сами дали е гол или не е гол….
JAJAJAJAJAJ ASCENSOOOO ASCENSOO pic.twitter.com/5JnqTJuK12
— FAN DEL QAC (@soydequilmes7) October 8, 2022