ФОТО: Има милиони, вози трактор и чува овци – Еден од најдобрите тројкаши во НБА го сака селскиот живот!

Пеџа Стојаковиќ по завршувањето на кариерата избра помирен живот, се повлече од јавноста, а кога се огласува на социјалните мрежи секогаш предизвикува големо внимание.

фото: Instagram/pedjastojakovic

Тој е еден од најдобрите европски играчи во историјата – светски и европски шампион, шампион во НБА, најдобар стрелец во Евролигата, троен Ол-стар играч.

Овој пат легендарниот кошаркар објави фотографија на Инстаграм, а не се знае дали самата фотографија или описот што Стојаковиќ решил да го искомбинира со неа е поинтересен.

– А што ако она сфати дека не сум многу паметен – се пошегува Стојаковиќ.

За кратко време пристигнаа реакциите на неговите познаници, меѓу кои Никола Миротиќ, кошаркарот на Барселона и Шон Марион, поранешен соиграч на србинот од генерацијата на Далас, со кој стана шампион на НБА лигата.

Претходниот пат Стојаковиќ беше на оваа социјална мрежа по смртта на Душан Дуда Ивковиќ, а често знаеше да стане хит во минатото благодарение на своите објави.

Секако, посетата на неговиот Инстаграм профил е интересна, само запомнете ја фотографијата на која можете да го видите како вози трактор и чува овци…