ВИДЕО: За фановите на Федерер – Ова е неговиот најважен поен во кариерата!

Loading

Рожер Федерер повеќе од 20 години е во професионалниот тенис и успеа да освои и обедини сите титули на големите турнири, Австралија Опен, Ролан Гарос, Вимблдон и Ју-Ес Опен.

федерер1

Сепак, убедливо најтешко му беше да го подигне пехарот во Франција на Роланд Гарос. Претрпе неколку болни порази во финалињата од Рафаел Надал, но конечно успеа да го освои овој турнир во 2009-та година.

Федерер вели дека најважниот удар во кариерата го режирал неколку дена порано кога во четвртата рунда едвај го победил Томи Хас.

Германецот имаше водство од 2:0 во сетови и дочека шанса за брејк топка при резутлат 4:3 во третиот сет, по што следeше извонреден форхенд од Федерер, кој се покажа како најава за страшен пресврт.

Рожер го посочи овој удар како најважен во неговата кариера, бидејќи подоцна ја освои титулата која единствено му недостасуваше.

– Мислам дека форхендот против Томи Хас на Роланд Гарос. Губев 2-0 и брејк топка за Томи. Постојано зборуваме за тоа секогаш кога ќе се видиме. На крајот го добив тој меч и го освоив Ролан Гарос. Тогаш го израмнив рекордот на Сампрас од 14 грен слем титули. Ако не го погодев тој форхенд, најверојатно ќе загубев и немаше да го освојам Ролан Гарос. Се молев да го погодам тој удар и потоа се смени целиот моментум. Потоа, имав извонредно лето. Изгледа така требаше да биде, – вели Федерер.