Натпреварот од третата аргентинска лига меѓу фудбалерите Хуракан де лас Херас и Фер Кариљо Оесте се претвори во пекол, бидејќи по вербалниот и физичкиот конфликт меѓу таканаречените навивачи било употребено и огнено оружје.
На видеата се гледа како играчите на двата тима бегаат во соблекувалната, во моментот кога сфатиле дека гостинскиот тренер Маурисио Ромеро е ранет во рамото.
Пред хаосот, играта беше прекината бидејќи низ стадионот одекна детонација.
Натпреварот продолжи по половина час пауза, а на трибините имаше околу 1000 луѓе.