Италијанскиот гигант Милан доби согласност од општината „Фиеро“ во централниот дел на Милано за изградба на нов, модерен стадион.
Планот на „росонерите“ е да го напуштат „Сан Сиро“ и да изградат сопствен стадион во близина на клупските простории „Каса Милан“, па откако го презентираа планот чекаа административна дозвола од општината.
Новиот стадион ќе има капацитет од 50 илјади места, ќе биде во модерен стил со ресторани, шопови, паркови и хотел, а ќе има мултификционална примена и ќе биде отворен 7 дена во неделата за посета.
Стадионот ќе биде лесно достапен за сите навивачи без оглед на видот на транспортот, ќе се вклопи во локалното опкружување и ќе може на сите заинтересирани граѓани да им понуди разни активности во текот на седум дена од неделата.