(ВИДЕО) Шпанија ја одбрани бронзата на СП во ракомет 2023 – Со пресврт совладан домаќинот!

Loading

Шпанските ракометари го освоија бронзениот медал на Светското првенство во ракомет 2023.

фото: Jonathan NACKSTRAND / AFP / Profimedia

Во мечот за третото место Шпанија го победи домаќинот Шведска со 39:36.

Швеѓаните беа подобри во првото полувреме кое заврши со четири гола предност, но во вторите 30 минути дојде до целосен пресврт.

Најефикасни во победничкиот тим беа Фигуерас со 9, Алекс Душебаев со 7 и Кањелас со 6 гола.

За Шведска се истакна Екберг кој постигна 7 гола, Лагергрен 5, а Карсборгард и Клар по 3 гола.

Да потсетиме, ова е втор бронзен медал по ред за Шпанците, додека Швеѓаните не успеаја да го „одбранат“ среброто.

Во мечот за златен медал од 21 часот ќе се сретнат Франција и Данска.