(ВИДЕО) Сензационална вест одекна во светот – Новак ќе стане тренер на Милан?!!!

Loading

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Џоковиќ би можел да проба нешто сосема ново, да биде тренер во фудбалски клуб!

Новак е познат како голем навивач и симпатизер на на Црвена звезда и Милан, а еден од неговите сакани клубови имал намера да го ангажира.

Според извори од Италија, сопственикот на Милан, Џери Кардинале, пред три месеци имал идеја да му понуди деловна соработка и тоа во стручниот штаб на фудбалскиот клуб!

Иако звучи по малку шокантно, се пишува добро упатената „Ла Република“, извор кој не се лизга често со информации.

Нивните сознанија велат дека Кардинале имал идеја Новак Џоковиќ да стане еден од соработниците на Стефано Пиоли и дека во славниот италијански клуб ќе се занимава со психичката состојба на тимот.

Планот беше Новак да биде задолжен за разговори со фудбалери кои имаат проблеми и да ги „турка“ кон целите на славниот клуб.

Наводно, Новак би бил задолжен и за мотивациони говори на целиот тим. Па соодветно на тоа веројатно би имал пристап до соблекувалната пред, за време и по натпреварите на италијанскиот клуб.

Засега не е познато дали Кардинале се откажал од оваа идеја само привремено или засекогаш. Но извор од Италија вели дека конкретни разговори со Новак на оваа тема никогаш не се случиле.