(ВИДЕО) Го нокаутираше Тајсон во неговата последна борба и го шокираше светот – Еве денеска каде е и што работи!

Loading

Поранешниот боксер од Ирска, Кевин Мекбрајд, го шокираше светот кога го победи Мајк Тајсон во последната борба на еден од најголемите боксери на сите времиња.

фото: AP

Животот на Мекбрајд е сосема поинаков од она што многумина би можеле да го замислат. Впрочем, се работи за човек кој на некој начин на најлош можен начин го испрати во пензија големиот Тајсон.

Славниот Американец загуби три од последните четири борби на почетокот на 2000-тите, а неговата последна борба беше на 11 јуни 2005 година.

фото: AFP via Getty Images

Тајсон не се бореше потоа сè до неговото враќање во рингот во ноември 2020 година, кога се соочи со стариот ривал Рој Џонс во егзибициски меч.

Од друга страна, Мекбрајд не успеа да ја искористи победата над Тајсон за да изгради понатамошна кариера.

Тој претрпе шест порази во последните седум борби и се пензионираше во 2011 година.

Сега има 50 години и има интересен живот.

„Сега работам како хирург на дрвја. Сечам дрвја, чистам снег, викам „пази“ и слично. Добро е. Ме држи зафатен. Мојата работа е да ги подигнувам работите и да ги спуштам“.

Секако дека не го заборава моментот кога го победи Тајсон.

„Многу се навраќам на тој момент затоа што кога зборуваат за неговиот кам-бек секогаш велат дека сум последниот човек што го победил. Го сакам тоа. Не е дека само седам и ја гледам борбата, но некој неодамна објави клип на Фејсбук и го видов – каков остварување на сонот нели?“.

Тајсон загуби двапати од Евандер Холифилд во 1996 и 1997 година, но потоа ги доби следните шест борби.

Потоа загуби борба за титула од Ленокс Луис, успеа да го победи Клифорд Ериен во 2003 година, но потоа загуби од Дени Вилијамс и на крајот од Мекбрајд.

Погледнете ја последната професионална борба на Мајк Тајсон со ирецот Кевин Мекбрајд од 2005 година…