(ВИДЕО) СЕНЗАЦИЈА во ракометната ЛШ – Шампионот Барселона елиминиран на пенали!

Loading

Ракометарите на германскиот Магдебург приредија вистинска сензација во полуфиналето од Лигата на шампионите.

фото: EHF

Откако во регуларниот дел беше (31-31) и по дополнителните 15 минути (7-7) место во финалето мораше да се одлучува преку изведување на пенали во првиот полуфинален меч од Ф4 турнирот во Ланксес арената во Келн.

Бранителот на тронот Барселона на крајот загуби од Магдебург на пенали со 2-1 откако шпанците промашија дури четири пати од линијата за седум метри за конечни (40-39).

Па така Европа ќе добие нов ракометен клубски шампион.

Во второто полуфинале се среќаваат ПСЖ и Киелце, а мечот почнува во 18.часот