(ВИДЕО) Киргиос: Новак ќе освои 30 грен слем титули, но само јас можам да го победам на Вимблдон!

Loading

Со неодамнешната победа на Ролан Гарос, Новак Џоковиќ стана рекордер по бројот на освоени Грен слем титули.

фото: Ryan Pierse/Getty Images

Со победата во финалето над Каспер Руд стигна до бројката 23, а може да ја зголеми веќе на Вимблдон кој ќе се игра наскоро.

Во пресрет на третиот Грен слем во сезоната, изјава даде Ник Киргиос, австралискиот тенисер и голем пријател на Џоковиќ.

“Само јас можам да го запрам на Вимблдон. Се надевам дека ќе освои 30 Грен слемови бидејќи тогаш ќе изгледам подобро бидејќи загубив од него во финалето на Вимблдон. Знам колку напорно работи и знам колку му значи да постигне бидејќи пропушти некои турнири“, изјави Киргиос за Sky Sport и додаде:

„Знам дека сега може да си постави цел од 24 или 26 титули, знам дека е гладен. Луѓето мислат дека ќе го намали темпото, но мислам дека ова ќе му даде поголема мотивација. Се надевам дека ќе стигне до 28 или 30 грен слем титули. “

Погледнете го нивниот дуел на Вимблдон минатата 2022 година…