ВИДЕО: Сензација на ЕУРО 2020 – Унгарија освои голем бод против светскиот првак!

Фудбалерите на Унгарија на домашен терен пред преполната Пушкаш арена освоиja голем бод против светскиот првак Франција играјќи 1-1 во 2.коло од групата Ф што се игра во Будимпешта на ЕУРО 2020.

Неуспесите на Французите во првото полувреме, Унгарците ги казнија во втората минута од судиското продолжение кога Атила Фиола го совлада беспомошниот Лорис за 1-0 и делириум на трибините.

Сепак во вториот дел Франција тргна доста офанзивно и во 66. минута со голот на Антоан Гризман израмни на 1-1. Мбапе испрати остра топка пред голот на Унгарија, која стигна до Гризман, кој не беше тешко да ја затресе мрежата.

До крајот на мечот Франција се обидуваше да стигне и до втор гол, но домашните фудбалери се одбранијa и освоија голем бод против Франција.

Па така по две кола Франција сега има четири бода, додека Унгарија го освои првиот бод со ова реми.

Од 18:00 часот играат Португалија и Германија во оваа група Ф.

Ова се постигнатите голови на овој меч…..