ВИДЕО: Само во Бугарија – Играчот урлаше од болки, а вратата на брзата помош не сакаше да се отвори!

Loading

Бугарија е земја во Европската унија, но она што се виде на софиското дерби меѓу клубовите Славија и ЦСКА Софија може да се каже под терминот „надреална сцена“.

На половина од првото полувреме се повреди голманот на Славија, Георги Петков, по сударот со напаѓачот на ЦСКА, Ѓорге Каиседо.

Искусниот чувар на мрежата остана на теренот, неговата повреда не беше наивна, бидејќи се пожали на болки.

Потоа на терен влезе брзата помош. Повредениот голман лежеше на тревата, но вратата од комбето не сакаше да се отвори.

Неколку минути траеше таа бизарна глетка каде играчите на Славија на секој начин се обидуваа да ја отворат вратата, но не им успеа.

Дури и еден од возачите удираше со нозете во бравата, ТВ-коментаторот беше изненаден од ваквите сцени, кои го обиколија светот и Европа.

И тогаш, надреално, откако ја клоцаа, вратата конечно се отвори, а медицинската екипа на носилки го внесе несреќниот Петров во возилото и тој замина во болница.

Инаку за оние кои ги интересира мечот, ЦСКА ја победи Славија на гости со 3:2, а двете екипи натпреварот го завршија со по десет играчи.

Погледнете ја трагикомичната ситуација од 3-тата минута на овој натпревар….