(ВИДЕО) Роналдо направи голем инцидент по поразот – Јунајтед започна истрага!

Loading

Манчестер Јунајтед беше неочукувано поразен од Евертон со 1-0 на стадионот Гудисон парк во Ливерпул.

фото: Profimedia

Стрелец на единствениот гол беше Гордон во 27 минута од мечот, а со оваа победа Евертон освои значајни бодови за опстанок во Премиер лигата.

По натпреварот, на социјалните мрежи се појави видео снимка на кое се гледа како Роналдо додека го напушта теренот, фрла на земја мобилен телефон на еден навивач.

Според Скај, Јунајтед е информиран и го истражува инцидентот.

Јунајтед победи само еднаш во последните пет натпревари во Премиер лигата и ги намали шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.